Фудбалскиот тренер на Баерн, Јулијан Нагелсман изјави дека во новата сезона целта на неговиот клуб е да ја освои 11-та последователна титула и да оди што подалеку во Лигата на шампионите.
Летово од клубот од Минхен си замина Роберт Левандовски кој со години беше нивни најдобар играч, па сега сите ги интересира како ќе изгледа тимот.
„ Изгубивме голгетер кој дава 50 гола по сезона, но генерално тимот е засилен. Ние сме многу мотивирани, нашите цели не се менуваат, сакаме титула, но и да се претставиме добро во Лигата на шампионите “, рече Нагелсман, а потоа додаде:
„ Кога ќе започне сезоната, се концентрирате на тоа што го имате и се подготвувате за противниците. Како тренер мора да бидеш фер кон секој играч во тимот, немам некои посебни очекувања. Задоволен сум со тимот, но ќе видиме што ќе се случи до 31 август “, заклучи Нагелсман.