Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман, рече дека неговиот тим е способен да се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампионите и покрај тоа што беше поразен од Ливерпул (0:2) во првиот осминафинален натпревар.
– Моите играчи знаат кои луди работи веќе се случија во фудбалот, тие разбираат дека е можно да се вратат. Ние самите докажавме. Нема да биде лесно со Ливерпул. Мора да ги избегнеме грешките што ги имавме на првиот дуел, истакна Нагелсман.
Реваншот од осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Лајпциг ќе се одржи вечер во Будимпешта со почеток во 21 часот.