Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман беше презадоволен од победата на неговиот тим во големото дерби против Барселона.
– Во првото полувреме Барселона имаше подобри шанси. Немавме финален пас. Но, во второто полувреме се беше многу подобро. Она што ја направи разликата на крајот е реализацијата – изјави Нагелсман.
За играч на натпреварот беше прогласен Џамал Мусиала.
– Ова беше посебен натпревар. Сите сакаа да победат, тоа се чувствуваше секаде и меѓу навивачите. Сите бевме гладни. Секој играч сонува за вакви натпревари. Навивачите беа одлични и самата игра беше возбудлива во текот на целиот период.
Баерн има максимални шест бода и во следното коло ќе се сретне со Викторија која нема ниту еден.