Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман изјави дека се уште смета на напаѓачот Тимо Вернер. Претходно во медиумите се ширеа шпекулациите дека 24-годишниот Германец е близу до трансфер во Челзи во јули, и поради тоа нема да може да му помогне на германскиот тим во следните натпревари во Лигата на шампионите закажани за август.
„Во моментов, Тимо, како и досега, е вклучен во моите планови, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите. Вернер е фудбалер на Лајпциг. Тој сè уште нема потпишано договор со ниту еден друг клуб. Неговата важност за нашиот тим е неверојатно голема. Тој има одлични показатели за перформанси какви што треба да се очекува од напаѓачот“, изјави Нагелсман.
Во сезоната 2019/20, Вернер одигра 41 натпревар за Лајпциг, и постигна 31 погодок и 13 асистенции.