ФУДБАЛ

Нагелсман се врати од Португалија позитивен на коронавирус

Баерн ја победи Бенфика со 4-0 и сега објави лоши вести.

Имено, тренерот на Баварците, Јулијан Нагелсман е позитивен на коронавирус.

Нагелсман беше тестиран за коронавирус и е позитивен, ќе лета за Минхен одделно од играчите.

„Ќе биде во болнички авион и веднаш ќе оди во изолација“, изјави Баерн.

Сепак не се знае, дали некој од играчите или стручниот штаб исто така ќе мора да биде изолиран поради постојаните контакти.

Интересно е што тренерот на германскиот тим беше вакциниран, но тоа не му помогна сега на новиот тест.

Баерн го пречекува Хофенхајм во следното коло од Бундеслигата.

ПОВРЗАНО

Бундеслига