Баерн Минхен го продаде Роберт Левандовски на Барселона за 45 милиони евра.
Германскиот шампион на крајот реши да ја испочитува желбата на полскиот напаѓач да го напушти клубот и на крајот зеде прилично убава фигура за човекот чиј договор истекува на крајот од сезоната.
Левандовски на тој начин стана уште едно во низата засилувања за каталонскиот клуб, а на тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман не му е јасно како Барселона ги завршува сите трансфери.
Познато е дека долгот на тимот од „Камп Ноу“ изнесува повеќе од една милијарда евра, но тие сепак успешно си ја завршуваат работата. Ова го изненадува Нагелсман.
“Барселона е единствениот клуб во светот кој нема пари, но на крајот го купува секој играч што го сака. Не знам како го прават тоа. Сето тоа е многу чудно и малку лудо”, изјави Нагелсман.