Играчот од средниот ред на Баер беше најдобар во мај во германската Бундес лига.
Талентираниот член на германската репрезентација игра одлично во последно време и доби признание за играч на месец мај. Тој постигна пет гола на четири натпревари, а Баер забележа три победи од продолжувањето на фудбалот.
Оваа сезона Хаверц одигра вкупно 27 натпревари во Бундеслигата, постигна 11 голови и забележа пет асистенции.
Сега е јасно зошто клубовите како Баерн и Челзи го сакаат овој фудбалер толку многу. Како што стојат работите сега, тој ги игра своите последни натпревари во дресот на „Апотекарите“.