Коби Брајант трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа на 26 јануари во Лос Анџелес.
Смртта на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња го обвитка кошаркарскиот свет во црно, а во негова чест, како и во чест на неговата ќерка Џиана, која исто така го загуби животот, овогодинашните екипи на Ол Стар ќе ги носат нивните броеви 24 и 2.
Сепак, тоа не е сè. Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, синоќа објави дека во иднина наградата за нај корисен играч на „Ол стар натпревар“ ќе го носи името на Коби Брајант.
Ова е секако најмалку што НБА-лигата би можело да го направи за легендата која самиот ја освои наградата МВП четири пати на натпревар на најдобрите играчи на лигата.
Коби и Џиана Брајант беа погребани пред девет дена во Лос Анџелес на приватна церемонија, а јавно проштално ќе се одржи на 24 февруари во Центарот „Стејплс“.
Commissioner Adam Silver announced that the NBA All-Star Game MVP Award will be renamed the Kobe Bryant MVP Award. pic.twitter.com/bcclrRsk4X
— NBA TV (@NBATV) February 16, 2020