Продолжување на соработка за уште две години, до лето 2024, договорија денеска фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров и шефот на стручниот штаб Мухарем Бајрами.
„Задоволен сум од тоа како ја завршивме минатата сезона и затоа без двоумење го продолжувам договорот. Благодарност до управата за довербата кон мене и целиот стручен штаб кој останува ист. Ветувам само работа и максимална посветеност за Македонија ЃП и другата сезона ги радува своите навивачи“ рече Бајрами за клуспката страна на Фејсбук.