ФУДБАЛ

Наградата „Тренер на годината“ ги збуни сите

Јирген Клоп е прогласен за најдобар тренер во 2020 година.

Клоп беше шампион на Англија со Ливерпул во 2020 година и таа титула очигледно беше доволна за на крајот да ја освои наградата за тренер на годината.

Неговите противници во големото финале беа Марсело Биелса од Лидс и Ханс Флик од Баерн, но на многумина не им е јасно како Клоп го доби ова признание покрај тренерот кој освои апсолутно сè со Баерн.

Несомнено е дека следниве денови ќе има дебати за тоа дали Клоп заслужува да биде пред Флик. Во секој случај, тренерот на „црвените“ имаше голема чест.

ПОВРЗАНО

Светско првенство 2026