ФУДБАЛ

Наинголан во центарот на невиден скандал: Никој не може да верува дека го направил ова

Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан се најде во центарот на нов скандал.

Имено, во саботата Стандард Лиеж го совлада жКралски Антверпен со 3:0, а пред овој натпревар Наинголан направи нешто што се уште не е видено во професионалниот фудбал, барем не на ова ниво.

Поранешниот белгиски репрезентативец почнал да пуши електрична цигара на клупата за резерви.

Тој беше исклучен на почетокот на вториот дел, но на крајот од натпреварот тренерот Рони Деила и управата на клубот решија да го суспендираат на неодредено време, пишува Corriere dello Sport.

Набргу откако дозна за одлуката на клубот, Раџа Наинголан се извини.

“Многу ми е жал за она што го направив. Сфаќам дека е погрешно во секој поглед, но не размислував за тоа во тој момент. Клубот донесе одлука која морам да ја прифатам, иако изгледа малку сурово Ќе се обидам да продолжам да придонесувам на овој или на друг начин“, напиша Радја Наинголан на Инстаграм.

Инаку, Наинголан пред само осум дена беше во центарот на уште еден скандал кога заврши зад решетки.

Наинголан ја загуби возачката пред неколку месеци поради бројните прекршоци што ги направил. Му е одземена возачката дозвола, а тој не се пријавил на тестови за да му ја врати.

Поранешниот репрезентативец на Белгија беше сослушан на местото на настанот. Автомобилот му бил одземен, а тој е уапсен.