ФУДБАЛ

Најави спектакл во продолжение на сезоната: Неверојатен гол на Меси на тренингот (ВИДЕО)

После тримесечна пауза, фудбалерите на Барселона конечно ќе го одиграат својот прв натпревар в сабота.

Сезоната во Ла Лига продолжува вечерва, а Барселона ќе биде на теренот в сабота кога ќе гостува на Мајорка.

Каталонците целосно се подготвуваат за нови натпревари и очекуваат жестока борба за титула со Реал Мадрид, која има два бода помалку од нив.

Она што ги прави особено среќни навивачите на Барса е фактот дека Лионел Меси е крајно мотивиран да ја продолжи сезоната. Аргентинецот тренира со полна брзина и воодушевува со своите потези на тренинзите.

Меси се најде во центарот на вниманието денес, откако постигна фантастичен гол на тренингот и покажа дека со нетрпение го очекува продолжението на сезоната во Ла Лига во одлична форма.

ПОВРЗАНО

Ла Лига