Тетоважите одамна станаа неизбежен „моден додаток“ на светските фудбалери. Некои се тетовираат на рацете чисто заради „шминка“, додека други се вљубуваат во оваа форма на уметност и ги украсуваат своите тела.
Матео Политано, фудбалер на Наполи, имаше неколку тетоважи на своето тело, но сега се одлучи за неговиот најголем „напор“.
26-годишниот офанзивен играч мораше да се пофали со ново ремек-дело на својата кожа на социјалните медиуми, откако заврши процесот на тетовирање.
Тетоважата направена на целиот грб изгледа импресивно, таа е направена совршено и леопардот кој беше главниот мотив изгледа дека ќе оживее во секој момент.
Погледнете сами:
Le nouveau tatouage absolument magnifique de Matteo Politano 😳 pic.twitter.com/nxVhMt1goq
— BeFootball (@_BeFootball) July 26, 2020