Фудбалерите на Оукленд Сити одиграа 1:1 против познатата Бока Јуниорс во последното коло од групното натпреварување на Светското клупско првенство пред два дена. Клубот од Нов Зеланд на тој начин го спаси образот по убедливите порази против Баерн, а потоа и против Бенфика.
Херој на Оукленд е 28-годишниот дефанзивец Кристијан Греј, кој постигна гол во 52-та минута со удар со глава по корнер од десната страна на Џерсон Лагос. Така израмни на 1:1, а тоа беше и конечниот резултат на крајот.
Биографијата на историскиот голгетер за Оукленд е интересна. Неговиот татко Роџер е поранешен дефанзивец и капитен на Нов Зеланд. Одигра 39 натпревари за репрезентацијата и постигна четири гола. Помладиот Греј не се разликува од останатите негови соиграчи, бидејќи фудбалот е дополнителна работа за него. Кога не ја брка топката по теренот, Кристијан Греј е наставник во основно училиште во Оукленд. Морал да побара дозвола за да отсуствува од училиште за да игра на Светското клупско првенство. Тој дојде во Оукленд Сити во 2022 година и досега освои четири титули во Лигата на шампионите на Океанија, додека шампион на Нов Зеланд беше двапати. Нема сомнение дека ќе има што да им каже на своите ученици кога ќе се врати дома.
⚽🇳🇿 Christian Gray, the Auckland City defender who scored against Boca Juniors, is actually a SCHOOL TEACHER!
😳 He had to request time off work to play in the Club World Cup. 🏆📚 pic.twitter.com/iHdVKlKsJi
— Football Talk (@FootballTalkHQ) June 24, 2025
Фудбалската лига во Нов Зеланд е аматеркска, но и клубовите кои настапуваат во Океанија исто така. Голем дел фудбалери кои играат за клубвоите од оваа земја и регион, имаат свои регуларни дневни работи, а фудбал играат дополнително. Оукленд Сити се најде на Светското клупско првенство како освојувач на Лигата на шампионите на Океанија. Во ова натпреварување учествуваат тимови од Нов Зеланд, Австралија, Фиџи, Тахити, Нова Каледонија, Вануату, Соломонски острови.
