ФУДБАЛ

Најдобрата вест за Барселона од 80.000.000 – Меси никогаш не е поблиску до враќање

На адреса на фудбалскиот клуб Барселона пристигна понуда од Њукасл за крилниот напаѓач Рафиња.

Некој би рекол – идеална вест за Каталонците. Еден ден откако Пари Сен Жермен го суспендираше Лионел Меси и веста дека Аргентинецот ја заврши епизодата во „градот на светлината“, Барселона доби понуда за Рафиња која може да достигне 80.000.000

Њукасл е заинтересиран за десното крило од Барса и би платил до наведената цифра. Со оглед на тоа што Блауграните мора да продаваат поединечни играчи, да ги намалат платите и да ги средат своите финансиски извештаи колку што е можно повеќе за да можат да го ангажираат Лео Меси, ова е одлична вест за нив.

Жоан Лапорта ќе се обиде да извлече што повеќе пари од Рафиња, но нема да биде единствениот кој ќе го напушти клубот. Многу се пишува за Франк Каси, Феран Торес, Ансу Фати… Со приходите од нив Лионел Меси за малку ќе се врати на „Ноу Камп“.