ФУДБАЛ

Најдобри стрелци оваа сезина: Меси и Роналдо далеку од првото место

Роберт Левандовски е најдобар стрелец на Европа досега оваа сезона, благодарение на 33 гола на 28 настапи, додека Кристијано Роналдо се најде на петтото место, а Лионел Меси на десеттото место.

Напаѓачот на Баерн Минхен оваа сезона е во импресивна форма и неговиот состав сега се искачи на врвот на табелата во Бундеслигата, и покрај тоа што ја започна сезоната во послаба форма.

Чиро Имобиле, се најде на второто место на списокот со своите 28 гола во исто толку настапи оваа сезона со Лацио.

Список на првите десет најдобри стрелци во Европа оваа сезона:

1. Роберт Левандовски – Баерн Минхен – 33 гола на 28 одиграни натпревари

2. Чиро Имобиле – Лацио – 28 гола на 28 одиграни натпревари

3. Тимо Вернер – РБ Лајпциг – 25 гола на 29 одиграни натпревари

4. Килијан Мбапе – ПСЖ – 22 гола на 26 одиграни натпревари

5. Кристијано Роналдо – Јувентус – 22 гола на 27 одиграни натпревари

6. Серхио Агуеро – Манчестер Сити – 21 погодок на 25 одиграни натпревари

7. Раул Хименез – Волверхемптон – 20 гола на 38 одиграни натпревари

8. Рахим Стерлинг – Манчестер Сити – 20 гола на 35 одиграни натпревари

9. Ромелу Лукаку – Интер – 20 гола на 29 одиграни натпревари

10. Лионел Меси – Барселона – 19 гола на 24 одиграни натпревари

Најзастапени лиги на оваа листа се Премиерлигата и Серија А со по три играчи. Списокот дополнително го комплетираат двајца играчи на Бундес-лигата, еден од Лига 1 и еден од Ла Лига.

ПОВРЗАНО

Ла ЛигаСерија АБундеслига