ФУДБАЛ

Најдобриот дефанзивец на Серија А призна дека летово ќе го промени клубот

Одличниот дефанзивец Глејсон Бремер потврди дека летово ќе го напушти Торино, по гласините дека го посакуваат најголемите тимови во Серија А.

Ѕвездата на Торино е избрана за најдобар дефанзивец во Серија А и се очекува да го напушти клубот ова лето. Тој е на мета на Интер и Милан, но и на Јувентус, ПСЖ и Тотенхем.

„Разговарав со менаџерот и му кажав дека сакам да одам, сакам да играм во Лигата на шампионите и да играм за Бразил. Прашање на време е, гледам неколку понуди, но мислам дека нема бидам во Торино следната сезона“, отворено изјави Бремер.

И покрај тоа што изјави дека се надева дека ќе игра за Бразил, Бремер исто така рече дека доколку не дојде поканата, тој со задоволство ќе тргне по стапките на неколку негови сонародници и ќе го облече дресот на Италија.

„Мојот сон е да играм за бразилската репрезентација, но откако пристигнав во Италија ме пречекаа со раширени раце. Прогласен сум за најдобар дефанзивец во Италија. Би сакал да играм за Бразил, но ако еден ден не ме сакаат и ме покани Италија, би одел без размислување“.

Извештаите во Италија покажуваат дека Торино за Бремер постави барана цена од 50 милиони евра, а Интер важи за најголем кандидат за негово доведување.

ПОВРЗАНО

Серија А