Рафаел Леао (24), најдобриот играч на Милан поради повреда ќе отсуствува најмалку три недели, потврди италијанскиот клуб. Во последниот првенствен натпревар, кога Милан поведе од 2:0 кај Лече и освои само бод играјќи 2:2, се повреди Португалецот, кој постигна четири гола и четири асистенции во сите натпреварувања оваа сезона.
Леао го напушти теренот во десеттата минута поради повреда на десниот бутен мускул и ќе отсуствува најмалку три недели, што значи дека Милан ќе биде без него во клучниот натпревар од групата Ф во Лигата на шампионите. Се работи за натпревар со Борусија Дортмунд на 28 ноември во четвртото коло.
На Милан му е потребна победа за да го престигне ривалот во поредокот и да се стави во добра позиција да се пласира во осминафиналето пред последното коло. Во групата води Борусија Дортмунд со седум бодови, ПСЖ има шест, Милан пет, а последниот Њукасл има четири бода.
