Европскиот шампион Ливерпул се подготвува да се активира на трансфер пазарот и навивачите се веќе во транс поради една објава на социјалните мрежи.
Имено, најдобриот млад светски фудбалер Килијан Мбапе по завршувањето на сезоната во францускиот шампионат ги заследи на Инстаграм неколку поранешни и сегашни фудбалери на Ливерпул, како Џерард, Фабињо и Салах. Навивачите паднаа во транс откако денеска Мбапе на својот профил на Инстаграм постираше интригирачка порака „Наскоро“.
https://twitter.com/mmohamadaymann/status/1140470873712996352
Тие се надеваат дека Мбапе кој се погласно зборува за заминување од ПСЖ дека е заинтересиран за преселба во редовите на европскиот шампион.
Но освен Ливерпул огромен интерес за ангажман на Мбапе пројавуваат и Реал Мадрид и Јувентус, но само „кралскиот“ клуб и Ливерпул можат да си дозволат да платат околу 280 милиони евра..
SLOBODENPECAT.MK