Во време кога сите фудбалери се во изолација, ова особено важи за Италија, „паѓаат“ интересни идеји како да се помине досадното време, но и да се анимираат следбениците на социјалните мрежи. Па, така најдобриот стрелец во моментов во Серие А Чиро Имобиле и неговата сопруга Џесика Мелена, објавија видео како танцуваат. Секако повеќе лајкови доби сопругата на Имобиле.