ФУДБАЛ

Најдобриот пријател на Мане дебитираше за резервите на Баерн и постигна гол по само 36 секунди

Садио Мане летово ги изненади сите со тоа што реши да го напушти Ливерпул и кариерата да ја продолжи во Баерн.

По неколку фантастични сезони во Ливерпул, Мане одлучи дека е време за нов предизвик и ги изненади сите на „Енфилд“ кога ја објави желбата да го напушти клубот.

Ливерпул поради тоа не му направи проблем на Мане и реши да го продаде, а на крајот Сенегалецот потпиша за Баерн. Ливерпул од неговата продажба заработи околу 35 милиони евра.

Мане пристигна во Баерн како замена за Роберт Левандовски и веќе се покажа како одлично засилување.

Интересно е што Баерн летово донесе уште едно засилување, но за резервниот тим. Сите се изненадија кога слушнаа дека тоа е најдобриот пријател на Мане од детството, а многумина разбраа дека Баварците тоа го направиле за Мане да се чувствува подобро во клубот.

Дезир Сегбе Азанкпо потпиша за Баерн веднаш откако Мане дојде во клубот, а се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност кога беше откриено дека тој и Мане се големи пријатели.

Тие израснаа заедно во Сенегал и двајцата имаа навистина неверојатно животно патување што се однесува до фудбалот.

Азанкпо очигледно не е толку успешен како Мане, но фудбалот повторно ги собра и тоа во еден од најдобрите клубови во светот.

29-годишниот играч настапува за резервниот тим на Баерн и дебитираше за германскиот клуб овој викенд и тоа на најдобар можен начин.

Азанкпо го постигна својот деби гол за Баерн на натпреварот против Ајнсац, а за тоа му беа потребни само 36 секунди, што е навистина неверојатно. До крајот на натпреварот резервниот тим на Баерн постигна уште три гола и победи со 4:0.

Тој еднаш изјави дека отсекогаш знаел дека Мане ќе направи големи работи во фудбалот бидејќи секогаш бил неверојатно амбициозен.

„Тој секогаш имаше огромни амбиции. Секогаш сакаше сите да се трудиме да бидеме најдобро што можеме во сè. Тој доаѓа од сиромашен град како сите нас. Си рековме дека мораме да успееме за да им помогнеме на семејствата, бидејќи Луѓето што ги оставивме беа гладни. Тој садеше секогаш сонуваше за големи работи и успеа“, рече Азанкпо, додавајќи.

„Сите успеавме до одреден степен да им помогнеме на семејствата, но Мане го надмина сето тоа. Тој покажува какво срце има бидејќи им помага колку што може на луѓето во Сенегал и тоа е навистина неверојатно.