Српските олимпијци синоќа пристигнаа во Белград на дочек на кој ги пречекаа околу 40.000 навивачи, но не помина сè во најдобар ред. Имено, најдобриот играч на српската ватерполо репрезентација и најдобар стрелец на Олимписките игри, Душан Мандиќ, не сакаше да се ракува со градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ. Другите српски ватерполисти се ракуваа со градоначалникот на Белград, а Мандиќ само помина покрај него и остро го погледна.
Odličan Mandić pic.twitter.com/jo1RGsDrHq
— pfc (@partizanfoto) August 12, 2024
Шапиќ е и поранешен ватерполист и сопственик на ватерполо клубот Нови Белград, а е познат по бројни скандали. Тој лани се судри со Мандиќ и нареди еден од најдобрите ватерполисти во светот да биде исфрлен од тимот на Нови Белград.
Да потсетиме Србија Игрите ги заврши со пет освоени медали. Злато освоија и Зорана Аруновиќ и Дамир Микец во стрелаштво (мешан екипен медал) и Новак Ѓоковиќ во тенис, Александра Перишиќ сребро во теквондо, а кошаркарите бронза.
