Марк Андре тер Штеген не поднесува лесно критики, што е сè почеста кога се во прашање неговите настапи.
Барселона синоќа во Неапол славеше со 4:2 против Наполи во реванш натпреварот од плеј-офот на Лига Европа и со тоа се пласираше понатаму. Стрелци за Каталонците беа Жорди Алба, Френки де Јонг, Жерар Пике и Пјер-Емерик Обамејанг.
Наполи постигна два гола, најпрвин Инсиње од пенал во 23. минута и Политано во 87. минута. Што се однесува до голот на Инсиње, тој дојде од белата точка, а Тер Штеген ја сокри најстрогата казна. Германскиот голман повторно беше невнимателен и повторно е критикуван.
“Луѓето секогаш мислат дека знаат се најдобро. Сигурен сум дека знаат повеќе од мене. Секогаш се трудам да дадам се од себе. Да бев во толку лоша форма, не би се ни бранел. Понекогаш грешам, но ова е фудбалот“, рече Тер Штеген, додавајќи:
„Ги гледам моите игри и знам каде грешам, но секогаш се трудам да му помогнам на тимот и на секој можен начин. Вие новинарите работевте напорно во последните денови за да запалите оган околу мене. Тоа е ваша работа, разбирам, но Јас сум мирен и знам дека правам сè како што треба. Ти работи ја својата работа, а јас мојата“.
Статистиката навистина не е на страната на Германецот, бидејќи евидентно е дека е далеку под моментално најдобрите голмани во Ла Лига, а бројот на одбрани му е значително намален во однос на сезоните 2017/18 и 2018/19.