ФУДБАЛ

Најдобро кога е најпотребно: Лајпциг „исчисти“ директен конкурент во борбата за ЛШ

Со натпреварот на Лајпциг и Келн беше отворено 22. коло во германската Бундес лига.

Домашниот тим пред околу 15.000 навивачи славеше убедлива победа од 3-1.

Првиот гол го видовме во 25. минута. Беше досуден слободен удар, а Нкунку постигна одличен гол за домаќините.

Уште едно големо возбудување беше новиот гол, кој падна во 54. минута. Дани Олмо убаво го следеше додавањето на Хаидаре и погоди за 2:0.

Домашните навивачи не успеаја ниту да го прослават вториот, а третиот гол падна. Анџелино погоди во 57. минута.

Лајпциг можеше да постигне уште еден гол во 88. минута, непрецизен Мукиеле. Се играше само една минута продолжение, а тоа го искористи Лемперле кој постигна утешен гол за гостите.

Со оваа победа Лајпциг барем привремено се искачи на 4. место со 34 бода колку што има Унион Берлин со натпревар помалку и до крајот ќе се води голема борба за последното место кое води во Лигата на шампионите.

Оддалеченоста од Лајпциг, кој е четврти и десетти на Мајнц, е само четири бода. Келн е седми со 32 освоени бода.

Во следното коло Лајпциг ќе игра против Херта во Берлин, додека Келн ќе му гостува на Ајнтрахт Франкфурт.