Во летото 2015 година, Реал Мадрид и Милан одиграа пријателски натпревар како дел од претсезонските подготовки, а напаѓачот на „росонерите“ доби шанса да заигра на самиот крај, што веројатно е нешто што никогаш нема да го остави од памет и оние неколку секунди на срам тој често ќе се сеќава.
Постојат многу начини да се дејствува на фудбалски натпревар. Можете да ја шутнете топката. Можете да трчате. Можете едноставно да останете на својата позиција и да го гледате развојот на ситуацијата на теренот. Можете да спроведете тактичка стратегија. Алесандро Матри не направи апсолутно ништо тој ден. Тој немаше кога.
Се појави на теренот и го собори рекордот за времето кое (не) го поминал таму. Работата да биде уште полоша, сето ова се случи на пријателски натпревар каде резултатот не е важен, а тренерите обично токму тогаш им даваат шанса на сите играчи. Не како Матри, но барем на неколку минути.
Своја шанса доби и искусниот Матри, но само се насмеа бидејќи судијата свиреше веднаш штом истрча кон средината.
Матри таа сезона ја помина на позајмица во Лацио, а потоа потпиша за Сасуоло. Овој 38-годишен играч играше кратко во Бреша во сезоната 2019/20, а потоа ги закачи копачките.
Имаше можност да ги носи дресовите на великаните во Италија како Милан и Јувентус, три пати го освои Скудетото, еднаш Купот на Италија, два пати Суперкупот на Италија, играше во финалето на Лигата на шампионите, но ништо во неговата кариерата остана импресија како оние пет секунди таа вечер на американската турнеја.
https://twitter.com/FutballTweets/status/626852204725567488
Ако ништо друго, тој ќе остане запаметен како играч кој, веруваме, помина најмалку време на теренот.
Насмевката на неговото лице кажуваше се и не беше единствениот што се насмеа откако го слушна свирежот на судијата.
Во мај 2020 година, тој ја донесе конечната одлука да ја заврши кариерата со зборовите „Не сакам да се глупирам“.
„Можам да кажам дека ги остварив моите соништа. Кога почнав не мислев дека ќе имам кариера како оваа што ја имав и дека ќе освојам три Скудета“, изјави Матри за Sky Sport Italia, а потоа продолжи:
„Не можам да се жалам за текот на мојата кариера, но сега сум на крајот од патот. Дојдов до оваа одлука откако видов како поминаа моите последни шест месеци во Бреша… Изгубив мотивација и не не се чувствувам добро на теренот. Не бев повеќе во фудбалот и не сакав да останам во клубот ако не можам да го дадам она што е потребно… Откако станав слободен играч, не добив многу понуди, а ниту една од оние што ги добив не ме привлече посебно… Повеќе сакам да избегнувам да се залажувам. Ќе ми недостига животот на фудбалер, но само голема понуда би можела да ме започне повторно“.
И покрај овој детал и ’срамот’ од пет секунди, искусниот напаѓач навистина имаше убава кариера, многу среќни моменти, на крајот на краиштата, тој има сопруга по која воздивнува половина Италија, а се вика Федерика Нарги, а можете да погледнете некои од нејзините слики подолу.
