Лионел Меси сака да ја напушти Барселона после скоро две децении, но тој во моментов е втор најлојален играч во Европа.
Меси во раните години од својата кариер еден мал дел помина во Њуелс Олд Бојс, но во 2001 година замина во Барселона и стана дел од Ла Масија. Потоа во 2004 година го направи своето официјално деби за првиот тим и од тогаш во 16 години има одиграно над 730 натпревари за сениорите на Барса и постигна 634 голови.
Тој стана вистинска легенда на Барселона и без сомнение најголема досега што го носеше дресот на каталонскиот гигант. Сепак, сега е време да се збогуваме и Меси е близу да се пресели во друг клуб, што ќе ја сруши големата лојалност.
Но, повторно, иако е во Барса скоро 2 децении, тој е втор најлојален играч во Европа, додека првото место е резервирано за живата легенда на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев.
Русинот помина вкупно 17 години, седум месеци и 25 дена во ЦСКА. На третото место е Марк Нобл кој го носеше дресот на Вест Хем цели 16 години, седум месеци и 25 дена.
Зад него е Серхио Алварез, кој е со Селта веќе 16 години, еден месец и 26 дена. Во првите 10 се играчи како Џорџо Киелини и Серхио Рамос, кои биле лојални на Јувентус и Реал Мадрид долги години.
Комплетен список:
15. Марсел Шмелцер (Борусија Дортмунд) – 13 години, 1 месец и 26 дена
14. Серхио Бускетс (Барселона) – 13 години, 1 месец и 26 дена
13. Андриј Пјатов (Шахтјор Донецк) – 13 години, 7 месеци и 25 дена
12. Антон Шунин (Динамо Москва) – 1 3 години, 7 месеци и 25 дена
11. Марсело (Реал Мадрид) – 13 години, 7 месеци и 25 дена
10. Семи Босут (Зулте Варегем) – 14 години, 1 месец и 26 дена
9. Серхио Рамос (Реал Мадрид) – 14 години, 11 месеци и 26 дена
8. Џорџо Киелини (Јувентус) – 15 години, 1 месец и 26 дена
7. Франческо Магнанели (Сасуоло) – 15 години, 1 месец и 26 дена
6. Џеси Мулин (Сен-Етјен) – 15 години, 1 месец и 26 дена
5. Оиер (Осасуна) – 15 години, 1 месец и 26 дена
4. Серхио Алварез (Селта Виго) – 16 години, 1 месец и 26 дена
3. Марк Нобл (Вест Хем Јунајтед) – 16 години, 7 месеци и 25 дена
2. Лионел Меси (Барселона) – 16 години, 7 месеци и 25 дена
1. Игор Акинфеев (ЦСКА Москва) – 17 години, 7 месеци и 25 дена