ФУДБАЛ

Најлошата можна вест за Реал Мадрид пристигна пред натпреварот со Аталанта

Списокот на повредени играчи во Реал Мадрид е побогат за уште едно име, а тоа е Карим Бензема.

Најдобриот стрелец на Реал Мадрид оваа сезона, Карим Бензема, претрпе незгодна повреда на последниот тренинг, поради што дефинитивно ќе го пропушти натпреварот против Ваљадолид за време на викендот, додека за среда и натпреварот од Лигата на шампионите со Аталанта под големо прашање

Така, францускиот напаѓач им се приклучи на Серхио Рамос, Даниел Карвахал, Едер Милитау, Алваро Одриозола, Марсело, Валверде, Азар и Родриго на списокот на играчи на кои Зидан не може да смета поради повреди.

Откако Лука Јовиќ замина во Ајнтрахт во јануари, единствениот напаѓач во тимот по повредата на Бензема остана Маријано Дијаз, кој дефинитивно ќе добие своја шанса да покаже што знае.

Натпреварот помеѓу Ваљадолид и Реал Мадрид е закажан за во сабота во 21 часот, а во исто време и мечот со Аталанта, но во среда.

Оваа сезона Бензема постигна 17 погодоци на 28 натпревари во сите натпреварувања.