ФУДБАЛ

Најлошата одлука на Гризман, напаѓачот размислува да ја напушти Барселона!

Авантурата на Антoан Гризман во Барселона може да биде во криза во моментов.

Францускиот напаѓач, летово од Атлетико Мадрид се пресели во Барселона, тој воопшто не е задоволен од неговата ситуација со екипата предводена од Ернесто Валверде и изгледа дека е подготвен да ја преиспита одлуката за Барса следното лето.

Веста е потврдена од „Ел Шарингито“.

Всушност, гласините за лошата игра на Французинот во Каталонија се зголемуваат во последните неколку недели, бидејќи со игра на францускиот напаѓач не се почуствува некоја разлика во нападот, и покрај 120 милиони евра што Барселона ги исплати на Атлетико.

Шпанските медиуми пренесуваат дека неговиот однос со Меси не е добар бидејќи Аргентинецот се надевал на враќање на Нејмар, а не на доведување на Гризман.