Сон Хеунг-мин беше во центарот на вниманието во поразот на Тотенхем од Манчестер Јунајтед со 1-3.
Сон го постигна водечкиот погодок за домашната екипа, но пред тоа предизвика голем гнев кај навивачите поради симулацијата по дуелот со Скот Мектоминај, па погодокот на Единсон Кавани беше поништен.
Одличниот офанзивен играч од Јужна Кореја за малку ќе заплачеше на крајот од натпреварот кога даде изјава за големото разочарување.
Во еден момент тој остана без зборови, повторувајќи дека не знае што да каже и постојано се извинуваше за слабиот учинок на целиот тим.
Sonny has his say on today's game.#THFC ⚪️ #COYS pic.twitter.com/koVOKGQZ8P
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) April 11, 2021
Сепак, тоа не беше сè. Пеколот следеше дури по натпреварот, бидејќи Сон претрпе жестоки навреди на расна основа преку социјалните мрежи.
Сон е познат како еден од најдисциплинираните и најмирните играчи во светот на фудбалот и сето ова за него беше многу тешко.
What do you make of Son’s reaction to Jose Mourinho after Spurs loss? #COYS | #THFC | #Tottenham
— Spurs On Tap Podcast (@SpursOnTap) April 11, 2021
Во меѓувреме се појави видео во кое Сон наводно одбива да се збогува со Жозе Мурињо и го игнорираше португалскиот стручњак, што дополнително ја искомплицира ситуацијата.