Последниот ден од зимскиот преоден рок го носи можеби најоригиналното претставување на еден фудбалер.
Во Барнли решија на перфектен начин да го претстават доведувањето на 197 сантиметри високиот напаѓач Воут Вегхорст кој пристигна од Волфсбург за 14 милиони евра.
Клубот од одлучи да искористи сцени од култниот филм Паркот Јура за да го претстави новиот напаѓач.
За кратко време навистина оригиналната промоција привлече големо внимание и стана вирална на социјалните мрежи.
Видеото започнува со добро позната сцена во која дете слуша чудни гласови од далечина и користи инфрацрвени очила за да разбере за што се работи.
— Burnley FC (@BurnleyOfficial) January 31, 2022
На крајот наместо диносаурусот се појави Вегхорст, кој откако постигна гол, испушти звук на диносаурус и го запрепасти детето.
Барнли на овој начин сакаше да ги заплаши и противничките одбрани со својата најнова аквизиција висока речиси два метри.
Инаку, 29-годишниот Холанѓанец имаше доста солиден настап во дресот на Волфсбург во првата полусезона со седум гола во сите натпреварувања.