Ден на жалост во Реал Мадрид. Почина еден од најголемите играчи во историјата на Кралскиот клуб.
Пако Генто, човекот кој мадридските медиуми го опишаа како најпрофитабилното засилување во историјата на Реал, почина во вторникот на 88-годишна возраст.
Со 23 трофеи, Генто заедно со Марсело е најтрофејниот играч на Лос Бланкос досега. Меѓу другото, освои дури 6 ЛШ, односно поранешни европски купови и 12 титули на Шпанија.
Дресот на Реал го носеше од 1953 до 1971 година, а особено интересен беше начинот на кој пристигна во Мадрид од Расинг Сантандер.
“Тие дојдоа да ме гледаат како играм за Расинг. Имаше еден Гијаро кој беше задолжен за продавање и купување во Реал. Трениравме, навивачите го забележаа, а тие веднаш почнаа да викаат и да го туркаат…”, изјави еднаш Генто.
„Кога отидовме во просториите на клубот и луѓето почнаа да не следат. Тие не сакаа да одам во Мадрид, на крајот потпишав договор во гаражата“.
“Цел живот бев меѓу кравите, на ливадите, околу мене компири, пченка и грав… Се се смени кога дојдов во Мадрид. Да не го направев тоа, сè уште ќе бев меѓу кравите”, рекол некогашниот голем фудбалер.
https://youtu.be/CgMB3Ns5aU0
Реал своевремено го плати 120.000 пезоси, а неговата плата беше 6.000 пезоси, што беше прилично голема сума пари пред седум децении.
Генто го красеше голема брзина и одличен удар со левата нога. Некогаш беше најдоброто лево крило во светот. За Реал одигра 600 официјални натпревари и постигна 182 гола.