ФУДБАЛ

Најстариот играч на теренот, а сè уште дете во срцето: Смеа до солзи поради боксерките на Дани Алвеш

Фудбалерите на Барселона синоќа убедливо го совладаа Атлетик Билбао на домашен терен со 4:0 во натпреварот од 26. коло на Ла Лига.

Каталонскиот клуб ја продолжи одличната серија и уште еднаш ги воодушеви навивачите со својата игра. Барселона успеа да победи со 4-0, а видовме дури три гола во последните 20 минути од натпреварот.

Во првиот тим на Барселона се врати и Дани Алвеш кој ги одигра сите 90 минути. Бразилецот ги пропушти претходните два натпревари од Ла Лига поради суспензија, а синоќа доби уште една шанса од првата минута.

Иако има речиси 40 години, уште еднаш покажа дека е во одлична физичка форма и одигра прилично добар натпревар.

Алвеш се најде во центарот на вниманието по натпреварот кога насмеа многумина. Имено, при еден лизгав старт му се сврте шорцот и многумина ги видоа боксерите на Алвеш, но и слатко се насмеаа кога видоа како изгледаат.

Десниот бек на Барселона се пошегува на своја сметка, а на Инстаграм објави фотографија од тој детал од синоќешниот натпревар.

ПОВРЗАНО

Ла Лига