ФУДБАЛ

„Најтешкиот дел од мојот живот беше да станам капитен на семејството на 13-годишна возраст.“

Мамаду Сако е познато лице во светот на фудбалот.

Овој 30-годишен фудбалер го стекна своето име во ПСЖ, играше четири години во Ливерпул, а од 2017 е фудбалер на лондонскиот Кристал Палас.

Францускиот репрезентативец зад себе има навистина тежок живот. На 13 години, тој мораше да се грижи за своето семејство откако неговиот татко почина, а неговите зборови за еден француски весник се навистина емотивни.

„Го изгубив татко ми кога имав 13 години. Јас одеднаш морав да пораснам и да станам маж. За мене не постоеше можност да играм фудбал, тоа мораше да го правам“, рече Сахо, кој на 17 години стана капитен на ПСЖ.

Тој постојано зборуваше за капетанската лента …

„Некој еднаш ме праша дали ми е тешко да  ја носам капитенската трака на ПСЖ на 17-годишна возраст. Му реков дека најтешко ми е да станам капитен на семејството на 13 години“, истакна Сако.

Сако зад себе има навистина добра кариера, но претстојат уште неколку врвни сезони, а ќе видиме дали тој ќе игра во Премиер лигата следната сезона или ќе ја бара среќа на друго место.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига