ФУДБАЛ

Најтешко му е вечерва: Роналдо се огласи пред дербито Челзи – Манчестер Јунајтед

Кристијано Роналдо наиде на тешки критики откако уште еднаш покажа непочитување кон Манчестер Јунајтед, па поради ова Ерик тен Хаг го исфрли од составот пред вечерашното дерби против Челзи.

Роналдо пред неколку дена беше лут што не одигра ниту една минута против Тотенхем, а на неколку минути пред крајот на натпреварот од загревањето отиде директно во соблекувалната кога му стана јасно дека Тен Хег не би го вовел во играта.

Овој потег ги разочара навивачите на Манчестер Untied, кои сметаат дека Роналдо уште еднаш покажа големо непочитување кон клубот и дека најдобро би било да го напушти клубот веќе во јануари.

 

Дека Тен Хаг повеќе нема да толерира такви работи, покажа и пред дербито против Челзи кога објави дека Роналдо нема да конкурира за дербито што ќе се игра вечерва на Стемфорд Бриџ.

Покрај се, Роналдо доби и парична казна за неговото арогантно однесување, а наводно Тен Хег дури и наредил да се извини пред целиот тим за неговиот непромислен потег на натпреварот против Тотенхем.

Португалецот синоќа се огласи на социјалните мрежи и порача дека се кае за неговиот потег, и дека е свесен дека сега мора повторно да се докажува на тренинзите за да се врати во тимот.

 

Роналдо зборуваше пред вечерашниот натпревар во Лондон и им посака среќа на соиграчите на натпреварот против Челзи.

Сигурно е дека на Роналдо му беше тешко што Тен Хаг го исфрли од тимот и тоа пред вакво дерби и дека најсреќен би бил вечерва да биде на теренот, но јасно е дека барем ќе навива неговиот тим на ТВ екранот.

Исто така, Роналдо и покрај тоа што е еден од најдобрите играчи на сите времиња, доби јасна порака дека не е недопирлив и дека некои работи едноставно не се простуваат.

Навивачите на Јунајтед се среќни и задоволни што Тен Хег покажа кој е главен во соблекувалната и дека клубот е на прво место и дека нема да им се прости без разлика за кој се работи.