Една од најубавите светски фудбалерки, хрватската репрезентативка Ана Марија Марковиќ (23) го коментираше поразот на своите колеги во полуфиналето на Светското првенство во Катар, каде Аргентина победи со 3-0.
Напаѓачката на Грасхопер го следеше натпреварот од одморалиштето Виданта Ривиера Маја во Мексико и објави фотографии од плажа во костим за капење и репрезентативен дрес со порака:
„Во секој случај, повторно се гордеам со вас”!

