Шпанскиот весник „Марка“ ги анкетираше своите читатели да го изберат најубавиот клубски грб на светот.
Дури 10 милиони гласачи ги избраа најубавите грбови на светот, a Раџа Казабланка победи со дури 3.7 милиони гласови.
Второто место му припадна на Ал Ахли, а третото на Флуминенсе.
Грбот на Реал Мадрид е на четвртото место, а потоа следуваат Фенербахче, Ливерпул, Барселона, Коло Коло, ЦСКА и Бешикташ.
Интересно е што грбот на Црвена звезда е рангиран на 19-то место во анкетата на „Марка“. Целосниот список можете да го најдете ТУКА.