Фудбал

Највисока премија во историјата на македонскиот спорт, за пласманот на ЕП фудбалерите ќе поделат 4,2 милиони евра!

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука најголемиот успех – пласманот на македонската репрезентација на ЕУРО 2020 да го награди со исплата на најголемата премија во историјата на македонскиот спорт.

Фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија добиваат четири милиони и двесте илјади евра вкупна премија за пласманот на Европското првенство..

Репрезентативците и стручниот штаб веќе инкасираа близу еден милион евра за освоеното прво место во групата Д од Лига на нации и квалификациите за ЕУРО 2020.

Со денешната одлука на Управниот одбор, до крајот од годината, федерацијата ќе им исплати сума од три милиони и двесте илјади евра за обезбеденото место на македонската репрезентација на Европското првенство.

Управниот одбор ги усвои предложените критериуми за распределба на наградата, изготвени од директорот на А репрезентацијата во консултација со селекторот и капитенот на македонската репрезентација.