ФУДБАЛ

Наместо изненадување – срамота: Погледнете го најсмешниот сервис во историјата на тенисот! (ВИДЕО)

Добриот сервис честопати може да биде клучен на почетокот на секој поен.

На натпреварот помеѓу Лоренцо Сонег и Александар Бублик се виде можеби нај најсмешниот сервис во историјата.

Во четвртфиналниот дуел на турнирот во Истбурн, Бублик се обиде да го изненади својот противник со сервис под ногата.

Казахстанецот ја погоди топката, а потоа одеднаш сервираше под ногата, но топката заврши далеку во теренот.

Ситуацијата беше толку комична што присутните на трибините и коментаторите започнаа да се смеат. Сигурно е дека Бублик исто така се срамеше од неговиот потег.

Овој 24-годишен Бублик е познат по овој начин на сервирање. Порано беше успешен, но овој пат беше засрамен.

Инаку, Сонего го доби овој натпревар со сигурни 2-0 во сетови. Откако Италијанецот го освои првиот сет со 6:1 во вториот сет беше 7:5.