По седум години чекање, Атлетико Мадрид стигна до титулата шампион на Шпанија и заслужено така, но прославата беше засенета од голема трагедија.
Имено, 14-годишно момче, навивач на Атлетико, почина во саботата откако излегол со главата од прозорецот и удри во бетонски ѕид на паркингот додека се подготвуваше да ја прослави титулата.
Момчето било во комбето и веело знаме од Атлетико. Комбето го управувале пријателите на неговите родители, а со него бил и неговиот брат.
На паркингот извадил половина од телото низ прозорецот и удрил во ѕид. Последиците од ударот биле тешки повреди на главата и тој веднаш престанал да дише.
Сегашната медицинска служба и членовите на Цивилната заштита се обидуваа да го оживеат, еден час, но сè што можеа да сторат е да ја потврдат навистина прераната смрт.
Тим психолози веднаш отишле кај неговото семејство, како и родителите кои пристигнале на местото на несреќата. Градските служби веднаш започнаа со испитување на инцидентот.
Во Атлетико Мадрид, секако беа шокирани од веста што ја добија бидејќи најсреќниот ден во нивните животи за момче кое штотуку почнуваше да чувствува живот се претвори во трагедија.
Atlético de Madrid is devastated to learn of the death of a young Atleti fan. We'd like to send all our love to his family. Rest in peace.
— Atlético de Madrid (@atletienglish) May 22, 2021
“Тимот на Атлетико Мадрид се чувствува скршен по веста за смртта на еден млад навивач на Атлетико. Му ја испраќаме целата своја љубов на неговото семејство. Почивај во мир”, рекоа од Атлетико.
Инаку, за „јорганџиите“ ова е вкупно 11 титула во историјата на клубот, до кои стигнаа сосема заслужено затоа што беа најдобриот тим во текот на целата сезона и најдолго го држеа првото место.