ФУДБАЛ

Нападот врз играчите на Реал не беше безопасен: Оштетувањето на автобусот јасно го покажува тоа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера имаа пеколен пречек во Билбао.

Навивачите на Атлетик со разни предмети го гаѓаа автобусот со играчи на кралскиот клуб.

Автобусот некако успеа да се пробие низ толпата и да влезе на стадионот, а камерите ја покажаа штетата што е направена.

Скршен прозорец, бројни вдлабнатини на каросеријата се јасно видливи на снимката и јасно покажуваат дека нападот воопшто не бил безопасен.

За среќа, стаклото не повреди ниту еден од играчите на тимот од Мадрид, а натпреварот го одиграа без проблеми.

Сепак, тие не се прославија на теренот. Одиграа многу лош натпревар, а на крајот беа поразени со гол во самиот финиш од натпреварот.