ФУДБАЛ

Напаѓачот ги напушти редовите на Јунајтед

Нигерискиот напаѓач Одион Игало ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед.

Оваа информација ја официјализираше и клубот од Олд Трафорд.

Игало оваа сезона одигра само четири натпревари за „црвените ѓаволи“, а беше на позајмица од редовите на кинески Шенхуа, со кого има договор до крајот на 2021 година.

Пред Кина, тој смени многу клубови во Европа, а меѓу другите играше и за Чезена, Удинезе, Гранада, Ватфорд.

Кариерата ја започна во Нигерија, во Џулиус Бергер, а за репрезентацијата на Нигерија собра 35 настапи и постигна 16 погодоци.