ФУДБАЛ

Напаѓачот на Баерн Минхен за нула евра потпиша за Галатасарај, навивачите приредија спектакл (ВИДЕО)

Германскиот напаѓач Лерој Сане (29) официјално стана нов играч на Галатасарај, доаѓајќи од Баерн Минхен.  Сане потпиша договор со својот нов клуб кој ќе важи до јуни 2028 година. Иако неговата пазарна вредност е околу 32 милиони евра, турскиот гигант одлично ја завршија работата доведувајќи го во своите редови бесплатно откако му истече договорот со Баерн.

Да потсетиме, Сане пристигна во Баерн пред пет години од Манчестер Сити во трансфер вреден 49 милиони евра. Оваа сезона тој има 45 настапи во сите натпреварувања, постигнато 13 гола и шест асистенции. Од своето деби во 2015 година, тој има 70 настапи за германската репрезентација, постигнувајќи 14 гола.