ФУДБАЛ

Напаѓачот на Гана: Нејмар не е подобар од мене

Репрезентативецот на Гана и првотимец на Ајакс Амстердам, Мохамед Кудус е доста сигурен пред Светското првенство во Катар. Во изјава за медиумите, тој откри дека не смета дека има полоши фудбалски квалитети од бразилската суперѕвезда Нејмар.

„Нејмар? Тој не е подобар од мене. Едноставно е попознат, тоа е се. Она што го прави подобар во моментов е фактот дека има постигнато повеќе. Наскоро и јас ќе бидам на тоа ниво“, изјави Мохамед Кудус за британски Гардијан.

Кудус (22 години, 177 см) порасна во фудбалската академија „Право на сон“ во Акра, од 2018 до 2020 година беше член на данскиот Норселанд. Во последните две години тој настапува за Ајакс, а за репрезентацијата на својата земја одигра 18 натпревари и постигна пет гола.

 

Гана ќе дебитира на Светското првенство во четврток од 17 часот, а ќе игра против големиот фаворит – Португалија.