Фудбалерите на Наполи го играат натпреварот од првото коло во Серија А на домашен терен против Венеција.
Наполи во судирот против новиот прволигаш влезе како голем фаворит, но не започна се како што се очекуваше за домашниот тим.
Имено, во 23. минута од натпреварот, Наполи остана со играч помалку откако директен црвен картон доби напаѓачот Виктор Осимен.
За време на корнерот за Наполи, тој беше во дуел со еден од гостинските играчи, кого го удри со рака, а судијата тоа јасно го виде.
Веднаш му беше покажан директен црвен картон на Осимен и тој се прашуваше зошто, иако беше јасно што направил.
https://streamable.com/r2c2fx