Откако се појавија информации дека Фелипе Андерсон сакал да го напушти Вест Хем, клубот му одредил цена.
Значи, секој клуб кој сака да донесе Бразилецот во своите редови, ќе мора да му плати на Вест Хем 50 милиони евра.
Сигурно Вест Хем сака многу пари, но за играч како Андерсон треба да побараат толку многу пари бидејќи тој е еден од најдобрите играчи во клубот.
За неговите услуги беше заинтересирана екипата на Наполи, затоа што Гатузо би бил многу среќен да го види овој Бразилец во редовите на неговиот тим.
Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс е подготвен да го пушти Андерсон бидејќи сака да ги смени работите во соблекувалната.
Поточно, тој сака да се ослободи од неколку играчи во следниот преоден рок, а се очекува да донесе четири или пет засилувања.