ФУДБАЛ

Наполи донесе ново име од Франкфурт

Данскиот фудбалер Јаспер Линдстром е нов играч на Наполи, потврди италијанскиот клуб.

Тој ќе игра во Наполи како позајмен играч од Франкфурт, со задолжителна опција за откуп на договорот за 20 милиони евра на крајот од сезоната.

Линдстром пристигна во Франкфурт од Бронби во 2021 година и постигна 12 гола на 57 натпревари во германскиот шампионат за германскиот бундеслигаш.

За данската репрезентација настапи 10 пати и постигна еден гол.

ПОВРЗАНО

Бундеслига