ФУДБАЛ

Наполи е многу билску до доведување на одличен

Одличниот напаѓач на Лил, Виктор Осимен е на чекор до трансфер во Наполи.

Оваа информација ја откри францускиот клуб.

„Ние сме на финална права, остануваат само последните детали. Имаше и други екипи кои покажаа интерес, но одлуката е веќе донесена. Значи, сега можам да кажам дека тој дефинитивно нè напушта, призна директорот на Лил, Марк Ингла.

И за него, како и за неговото семејство, Наполи ќе биде неверојатна можност, додаде шефот на францускиот тим.