Поради пандемијата на коронавирусот прекинати беа натпреварувањата ширум светот, но тоа не ги спречува некои клубови да прават планови за сезоната што следува.
Пример за тоа е Наполи, чии лидери, според некои италијански медиуми, веќе го договориле првото засилување за сезоната што следува.
Дефанзивецот на Лил, Габриел Магаљеш, наводно, доаѓа во Наполи, со кого ги договорија сите услови, а договор со неговиот клуб наводно е формалност, кој треба да добие околу 30 милиони евра во трансфери со бонуси.
Наполи го „украде“ Магаљеш од Карл Анчелоти, кој очајно го сакаше во Евертон. Бразилецот дури имаше и лекарски прегледи, но со доаѓањето на пандемијата на коронавирусот целиот бизнис пропадна, а на крајот тоа го искористи Наполи.
Се шпекулира дека Арсенал, Челси и Лестер Сити сè уште биле заинтересирани за Магаљеш.
Бразилецот оваа сезона има одиграно 34 натпревари во дресот на Лил во сите натпреварувања.