Опасниот уругвајски напаѓач ја минува последната година од неговиот договор со ПСЖ.
Единсон Кавани е во последната година од неговиот договор со ПСЖ.
Челниците на ПСЖ не изгледаат заинтересирани за продолжување на соработката, па се очекува уругвајскиот напаѓач да ја напушти француската престолнина.
ПСЖ може да го продаде во јануари, да не губи пари следното лето.
Според „Франс фудбал“, уругвајскиот претставник се свртеле кон Атлетико Мадрид и неговиот поранешен клуб Наполи.
По пристигнувањето на Мауро Икарди, Кавани се најде во резервен план, затоа „Ел Матадор“ размислува да си замине.
Тој е исто така сакан во Англија, односно во Манчестер Јунајтед.
Во меѓувреме, Кавани покажа интерес и за американскиот клуб Интер Мајами, кој е во сопственост на англиската легенда Дејвид Бекам.