ФУДБАЛ

Наполи и Елмас преку Милан до финале (ВИДЕО)

Наполи се пласираше во финалето на Суперкупот на Италија откако вечерва во Ријад го совлада Милан со 2-0 во првото полуфинале.

Наполи поведе во 39. минута со голот на Давид Нерес, а печат на победата стави Расмус Хојлунд во 63 минута.

Во стартниот состав на Наполи беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој одигра 77 минути.

Противник на Наполи во финалето на 22 декември ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Болоња и Интер.

Ова е четврто во низа, а вкупно шесто издание на италијанскиот Суперкуп кое се игра во Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНО

Елиф Елмас